Пендаровски ќе се обрати на конференција за предизвиците од дезинформациите
„Градење општествена отпорност кон штетните влијанија на дезинформациите во Република Северна Македонија“ е насловена конференцијата што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Претседателскиот центар за политичко образование и во соработка со фондацијата „Метаморфозис“.
На отворањето ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски, холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, како и Бардил Јашари, извршен директор на фондацијата „Метаморфозис“ и проф. д-р Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование, советник на претседателот за внатрешна политика, надворешна политика и уставни прашања и вонреден професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ.
На сесијата „Тековни состојби и предизвици поврзани со влијанието на дезинформациите во Република Северна Македонија“ ќе се обратат Еролд Муслиу, директор на Агенцијата за разузнавање, Миле Бошњаковски, генерален секретар во Кабинетот на претседателот, Филип Стојановски, директор за партнерство и развој на ресурси во фондацијата „Метаморфозис“ и Билјана Георгиевска, извршна директорка на „Совет за етика во медиумите на Македонија“.
Во рамки на конференцијата ќе се одржи и сесија „Решенија и наредни чекори – препораки за заедничко делување“ на која ќе се обратат Елида Зулбеари, раководител на проект во фондацијата „Метаморфозис“, Светлана Силјаноска, соработник за комуникации и односи со јавност за НАТО и безбедносни прашања во Владата, Петра Балажиќ, претставничка на „Центарот за европска перспектива“ од Словенија и Росана Алексоска, претставничка на Граѓанската асоцијација – МОСТ.
Ново на Сител
-

Руски напади врз црноморското пристаниште Измаил, погодени два товарни брода
-

Зеленски: Украина ќе ги обнови нападите врз руските рафинерии
-

Си-ен-ен: Ако продолжи конфликтот со Иран, американската армија може да употреби „Мајка на сите бомби“
-

ЛШ: Минимален пораз за Вардар на гостувањето во Полска
-

На комисиска расправа Годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво
-

Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“
-

Сончево со мала до умерена облачност
-

Контејнерски брод потона во близина на Ормуската Теснина откако беше погоден од ракета
