Пендаровски ја посети Регионалната команда на КФОР- Запад во Пеќ
Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Република Косово, денеска ја посети Регионалната команда на КФОР – Запад во Пеќ, каде што се сретна со командантот, полковник Андреа Бертацо и со припадниците на Армијата на Република Македонија кои се на задача, како дел од мировната мисија.
За време на средбата полковникот Бертацо го информирал Пендаровски за активностите на Регионалната команда на КФОР – Запад во поддршка на мирот и безбедноста на Република Косово.

Претседателот Пендаровски изрази поддршка за мисијата на КФОР, истакнувајќи ја нејзината важност за стабилност на Косово и целиот регион. Претседателот Пендаровски ја истакна подготвеноста на Република Македонија за унапредување на меѓусебната соработка и размена на информации од заеднички интерес, а во функција на исполнување на целите на мисијата.
Тој исто така посочи дека со учеството на 65 припадници на Армијата на Република Македонија во силите на КФОР, државата како НАТО – членка дава активен придонес за зајакнување на мирот и стабилноста во регионот и пошироко.

Пендаровски за време на средбата бил информиран и за тековните активности и извршувањето на работните задачи на македонскат армија, распоредена во Регионалната команда на КФОР – Запад.
Тој оддал признание за професионализмот и посветеноста со која нашите војници ги извршуваат сите поставени барања и задачи и изјавил дека Република Македонија и натаму ќе продолжи да дава свој придонес во оваа мисија.
Ново на Сител
-

Повторно отворен воздушниот простор на Иран
-

Почнува Европско првенство во ракомет 2026
-

Трамп: Украина го успорува евентуалниот мировен договор
-

Во Собранието ќе заседаваат четири комисии
-

Лидерите на партиите во ЕП бараат конкретна и опиплива поддршка од ЕУ за Гренланд и Данска
-

Утринска магла и ветер од западен и северозападен правец
-

Америка го суспендира издавањето на иселенички визи за 75 земји, на списокот и нашата земја
-

Апел за помош - Исчезнат е Златко Максимовски
