Македонија
10. May 2021 - 12:54

Пендаровски и Зурабишвили потпишаа договор за безвизен режим

Од Македонија во Грузија и обратно без визи за граѓаните. Ова е резултат од потпишаниот договор меѓу двете земји, кои на ниво на претседатели денеска го потпишаа Стево Пендаровски и Саломе Зурабишвили на платото пред претседателската резиденција во Вила Водно.

Покрај овој договор, беше потпишан и Меморандум за соработка во областа на културата, а во рамките на засилената комуникација меѓу двете земји. На првиот ден од посетата на Македонија, Зурабишвили беше пречекана со највисоки државни и воени почести од страна на претседателот Пендаровски.

Во работата агенда на гостинката од Грузија е и средба со претседателот на Собранието Талат Џафери и певиот вицепремиер Аетан Груби, како и положување на венци со цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас.

 

Горан Симоновски