Пендаровски: И реков на Меркел дека оставката на Заев не беше вистинскиот потег

Претседателот на Македонија Стево Пендаровски изјави дека најавената оставка на премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев била големо изненадување за претставници на меѓународната заедница, бидејќи тој изминативе неколку години бил прилично позитивен пример.
-Сега ќе си дозволам мала дискреција, имав една мала, тоа се куси средби од нога не можам да кажам дека тоа се разговори. Но германската канцеларка неколку пати ме праша за мотивите на оставката, дали вие мислите дека тоа беше вистински потег. Мојот одговор, тоа му го пренесов и на Заев по враќањето, реков се разбира дека не. Се разбира дека не. Заради губење на една, две, три пет или десет општини, заради губење на локални избори, независно што сте ветувале претходно ова е едно друго ниво во политиката. Вие водите држава. Имате мандат од четири години сосема легитимно добиен и не можете ни на половина од тој мандат да кажете, заради Скопје, заради Прилеп, Куманово итн. јас си заминувам, рече Пендаровски во интервју за ТВ 21.
Ова прашање, според шефот на државата му го поставиле и многу други, како генералниот секретар на НАТО.
– Генералниот секретар на НАТО надвор од неговиот карактер да го наречам, скандинавски, два пати ми го постави истото прашање за саат, саат и половина бидејќи бевме во една од тие пред-простории во кои се подготвувавме за сесиите и постојано ме прашуваше, зошто? Му реков, не е лошо да се слушнеш со Заев директно да ти објасни, така што изненадувањето беше големо од страна на меѓународната заедница, бидејќи знаете дека изминативе неколку години, Заев беше прилично позитивно примен од целокупната меѓународна заедница, посочи Пендаровски.
Ново на Сител
-

Пожар на Шар Планина, над Боговинско Езеро
-

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат
-

Кениецот Нјорге победник, Ивановски трет на Виз Ер Скопски маратон 2026
-

ЈОРСМ: Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец
-

Модриќ по поразот од Англија: За прв пат по 20 години со репрезентацијата се чувствувам засрамен
-

Во Берово утрово измерени - 4 степени
-

На изборите во Летонија победи коалицијата предводена од премиерот Кулбергс, според над 96 отсто обработени гласови
-

Во БИХ се одржуваат општи избори
