Пендаровски и Радев поради коронакризата го одложија чествувањето на Св. Кирил и Методиј во Рим

Претседателот Стево Пендаровски ја откажува посетата на Рим и Ватикан по повод чествувањето на Св. Кирил и Методиј на 24 Мај поради состојбата со Ковид-19, соопштија од Кабинетот на Претседателот.
-Државните делегации на Република Македонија и Република Бугарија веќе неколку години заедно оддаваат почит на 24 Mај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, положувајќи цвеќе кај базиликата „Санта Маџоре“ како и на гробот на свети Кирил во базиликата „Свети Климент“ во Рим и Ватикан. Имајќи ја предвид пандемијата на Ковид – 19, како и фактот дека Република Италија е една од земјите која се соочува со големи предизвици, кабинетите на претседателот Стево Пендаровски и претседателот на Република Бугарија, Румен Радев донесоа одлука дека одбележувањето ќе го поместат во втората половина на 2020 година кога условите тоа ќе го овозможат, на соодветен ден и датум, стои во соопштението.
Од кабинетот на бугарскиот претседател Радев потврдија дека посетата е одложена, и дека со Ватикан ќе биде утврден нов датум за заедничко одбележување на делото на светите браќа Кирил и Методиј во втората половина од годинава.
Ново на Сител
-

Димитриевски: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме
-

Русија одговори на заканите на Зеленски: Ќе напаѓаме уште посилно во Киев и другите градови
-

Зеленски: Украина е подготвена за технички преговори со САД и Русија
-

Татко и син убиени во лов во Норвешка, напаѓачот уапсен
-

Мерц го повика Путин да ја прекине „бесмислената војна“ против Украина
-

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка
-

Пожар во стан во Скопје, поради вдишување чад еден пожарникар бил пренесен во болница
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 12 возачи, деветмина управувале возило без положен возачки испит
