Пендаровски и Матарела положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“
Во рамки на неговата официјална посета на Република Северна Македонија, претседателот на Италија Серџо Матарела денеска со претседателот на државата Стево Пендаровски положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
– Двајцата претседатели, по завршувањето на церемонијата на положување венци, ги разгледаа иконостасот, иконите и фрескоживописот во црквата „Св. Спас“, соопшти Кабинетот на Претседателот.
Претходно Пендаровски, во претседателскиот Кабинет на официјална церемонија и со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот Матарела, а по одржаната тет-а-тет средба и пленарниот состанок на официјалните делегации на двете земји, се одржа заедничка прес-конференција на двајцата претседатели.
Ново на Сител
-
Остра реторика и обвинувања меѓу партиите пред стартот на изборната трка
-
Преглед на вестите од светот
-
Подметнат пожар во сервис за возила во Пинтија
-
Мицкоски: МВР засилено работи на откривање на подметнувачите на пожарите
-
Тошкоски: За една недела се палат сите отпади и депонии околу Скопје
-
СДСМ: На Мицкоски не може да му се верува
-
Безбедноста на посетителите приоритет за претстојната „Штипска пастрмалијада“
-
Не запира рибокрадството