Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис
Претседателот Стево Пендаровски, денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 година.
Указот, како што информираат од Кабинетот на Пендаровски, бил потпишан по извршените консултации со правни експерти.
Пендаровски очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе се овозможи формулирање на долгорочни стратегии во виталните области во државата.
Собранието на 21 јануари со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе Законот за попис на населението, домаќинства и становите во Република Македонија. Пописот ќе се спроведе во периодот од 1 до 21 април 2021 година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови