Пендаровски ги потпиша указите за прогласување на законите што ги усвои Собранието
Претседателот Стево Пендаровски денеска попладне ги потпиша Указите за прогласување на повеќе закони кои се усвоени од Собранието на Република Македонија, меѓу кои и за Законот за Јавното обвинителство, Закон за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители, Законот за изменување и дополнување на Законот за одбрана и Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, соопшти неговиот кабинет.
Во однос на барањето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Пендаровски да не го потпишува Законот за Јавно обвинителство, претседателот укажува дека согласно член 75 од Уставот „Претседателот е должен да го потпише указот, доколку според Уставот, законот се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници“, а Законот за јавното обвинителство спаѓа во тие закони.
Претседателот Пендаровски, исто така, укажува дека за евентуалните приговори во однос на уставноста на некој закон, секој граѓанин може да поднесе иницијатива до Уставниот суд на Република Македонија како надлежен државен орган.
Како што соопшти вечерва неговиот кабинет, претседателот Пендаровски ги потпишал указите за прогласување и на Законот за неевидентирани лица во матична книга на родени, Законот за изменување и дополнување на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците, Закон за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за заштита на личните податоци, Законот за изменување и дополнување на Законот за урбано зеленило, и Законот за управување со движењето на предметите во судовите.
Ново на Сител
-
Приведен 44-годишен кумановец, се заканувал на полициски службеници и носел остар предмет
-
65-годишна жена измамена преку социјална мрежа за сума од 6.700 евра
-
До крајот на месецов треба да биде познато какви мерки би се донеле за зголемувањето на цените
-
68-годишник од Скопје измамен од женско лице за сума од 48.875 денари
-
Кривична против 49-годишник од Дебар, физички нападнал адвокат во судница
-
Муцунски и Лами ја потпишаа Декларација за стратешко партнерство
-
Приведен 32-годишник од Струга, при претрес во неговиот дом пронајдена е дрога
-
Акциска контрола во угостителски објект во тетовско, приведени сопственикот и пет странски државјанки