Пендаровски - Фиала: Заложби за натамошно јакнeње на односите со Чешката Република на билатерално, мултилатерално ниво и во економската соработка

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Чешката Република, денеска во Прага се сретна со претседателот на Владата на Чешката Република, Петр Фиала при што размениле мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, што во изминатите три децении се карактеризираат со широка соработка во повеќе сфери од заемен интерес.

Како што соопшти кабинетот на претседателот, Пендароивски посочувајќи ја Чешката Република како важен партнер во НАТО, ОН и ОБСЕ, ја нагласи заложбата од македонска страна за натамошно јакнeње на односите со Чешката Република, како на билатерално и мултилатерално ниво, така и во доменот на економската соработка.
- Претседателот Пендаровски се заблагодари за континуираната и принципиелна поддршка на Чешка за пристапниот процес на нашата држава во ЕУ и изрази очекување таа да продолжи и во иднина, стои во соопштението.

На средбата, се додава, беа размемети мислења за севкупните состојби во поширокиот регион, во контекст на војната во Украина.
Ново на Сител
-

Лишени од слобода возачи во Валандово, Битола и Кочани, возиле под дејство на алкохол
-

Приведени две лица од дебарско поради грабнување и силување
-

УХМР: До вторник облачно време со дожд, потоа стабилно и суво
-

Портпаролката Марија Захарова го исмеа Бајден
-

Превземени мерки за случајот во Струмица, малолетници објавиле видео на „Тик ток“ како вршат насилство врз врсник
-

Најмалку шест лица загинаа во пожар во магацин за парфеми во Турција
-

Приведено едно лице од гостиварско, пронајдена дрога
-

Зеленски: Русите ја нападнаа Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети
