Пендаровски до Шаленберг: ЕУ да овозможи неодложно отпочнување на пристапните преговори за Северна Македонија
Потребно е ЕУ да овозможи неодложно отпочнување на пристапните преговори за Северна Македонија, во контекст на безбедноста, стабилноста и просперитетот на Западен Балкан, порачал претседателот Стево Пендаровски на средбата со шефот на австриската дипломатија Александер Шаленберг, кој денеска престојува во еднодневна посета на земјава.
Како што соопштија од кабинетот на претседателот, на средбата се разговараше за надворешно-политичките приоритети на Северна Македонија, во светло на надминување на предизвиците на европскиот пат, како и за политичко-безбедносните случувања во регионот и Европа.
-Во контекст на безбедноста, стабилноста и просперитетот на регионот на Западен Балкан, претседателот Пендаровски посочи дека е неопходно институциите на ЕУ да делуваат брзо во однос на политиката на проширување и да овозможат неодложно отпочнување на пристапните преговори за Северна Македонија и одржување на првата Меѓувладина конференција. Воедно, додаде тој, Северна Македонија ќе го продолжи дијалогот со Бугарија, со цел изнаоѓање на одржливо, разумно и достоинствено решение и деблокада на евроинтеграцискиот процес, стои во соопштението.
Претседателот Пендаровски изрази благодарност за континуираната и доследна поддршка од Австрија, како што вели, еден од најблиските сојузници и партнери на регионот, којa гласно се залага за негово интегрирање во Унијата.
Во однос на руската воена агресија и безбедносните предизвици со кои се соочува Европа, соговорниците разменија мислења за политичките и економските мерки кои се преземаат како дел од заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, како и за хуманитарната помош и прифаќањето на бегалци од Украина.
На средбата беше истакнато дека блиските и пријателски односи меѓу двете земји се рефлектираат со конкретна соработка во повеќе области и изразија подготвеност за натамошно интензивирање на политичкиот дијалог и афирмирање на заеднички европски вредности со цел стабилност и просперитет на европскиот континент, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Приведен кумановец, подолго време следел и вознемирувал 28-годишна девојка
-
Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите
-
Ѓорѓиевски: Нашата единствена опција е да одиме напред кон поврзаност, иновации и знаење
-
Над 100 лица уапсени во септември поради поседување на дрога
-
Министерство за образование на Србија: МВР изврши проверки во дел од училиштата, дојавите за бомби се лажни
-
79-годишен дедо од Велес е прво лице во земјава кое ќе издржува куќен затвор со електронска алка
-
Дожд, снег и ниски утрински темеператури
-
Кривична за членка на Судски совет - за патни трошоци го оштетила буџетот во износ од 291.040 денари