Пендаровски до Холтхоф-Фертнер: ЕУ мора да преземе стратешки исчекор
Евроинтеграциите, нашето европско досие во тој контекст, како и геополитичките случувања во поширокото соседство и влијанието од руската воена инвазија врз Украина, токму на политиката на проширувањето на ЕУ со земјите од Западниот Балкан, биле во фокусот на разговорите на денешната средба претседателот Стево Пендаровски и Штефан Холтхоф-Фертнер, министер за европски и меѓународни прашања на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија.

-Претседателот Пендаровски изразувајќи благодарност за континуираната и принципиелна германска поддршка, информира за последните предизвици кои Северна Македонија ги има на патот кон ЕУ, нагласувајќи дека отворањето на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, не само што е заслужен и логичен чекор по одлуката на Советот на ЕУ во март 2020 година, туку во денешниот контекст и безбедносно прашање клучно за стабилноста и просперитетот на регионот, како и на самата Унија. Пендаровски порача дека ЕУ мора да преземе стратешки исчекор и принципиелен став кон земјите кои покажаа целосна усогласеност со надворешната политика на Унијата, како нивни вистински и кредибилни партнери, споделувајќи ги истите вредности на слободниот и демократски свет, соопшти Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Шефот на македонската држава и министерот Холтхоф-Фертнер констатирале дека Северна Македонија и Германија во континуитет градат пријателски и партнерски односи.
Пендаровски притоа оценил дека соработката со Северна Рајна-Вестфалија, најголемата германска сојузна покраина, несомнено ја збогатува и севкупната билатерална соработка и пријателските врски со Германија, верифицирано и преку потпишаната заедничка декларација за соработка меѓу Северна Македонија и Северна Рајна-Вестфалија. Во тој контекст, стои во соопштението, беше реафирмирана и економската билатерална соработка која и покрај предизвиците со пандемијата, се уште е на високо ниво.
Ново на Сител
-

Француско-германски нон пејпер предлага постепена интеграција на Западен Балкан во ЕУ пред полноправното членство
-

Рокас: Заложбите од 2022 година треба да се спроведат, се надевам на контруктивност од соседите и ЕУ во наредните месеци
-

Со изведување материјални докази продолжува судењето против 13 полицајци за пожарот во „Пулс“
-

Во август излегува албум на Принс со досега неиздадени песни
-

Николоски: Набавуваме нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената низ општините, најголема поддршка од Владата досега
-

Австралија заплени рекордни 100.000 илегални егзотични лебарки
-

Почна доброволното служење воен рок за жени во Грција со 72 кандидатки
-

Форбс: Тејлор Свифт е најбогатата музичарка во историјата
