Пендаровски: Денот на албанската азбука е државен празник со кој се гордеат не само Албанците, туку и сите граѓани
Претседателот Стево Пендаровски по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука – 22 Ноември денеска упати честитка до припадниците на албанската етничка заедница во земјава.
– Дозволете најсрдечно да ви го честитам 22 Ноември, Денот на албанската азбука, воедно посакувајќи ви, пред сè, добро здравје и благосостојба. На 22 ноември пред 112 години видните албански интелектуалци од целиот Балкан се собраа во Битола за да ја унифицираат албанската азбука. Токму овој чин е основа за кодифицирање на албанскиот литературен јазик и меѓник за развојот на албанската култура и духовност, и столб на национална себеидентификација. Горди сме што Денот на албанската азбука веќе 14 години е државен празник со кој се гордеат не само Албанците, туку и сите граѓани на нашата татковина, се вели во честитката.
Јазикот и културата, како што се наведува, се фундаменти на секој народ и нивната негација значи обид за ништење на националната припадност.
– Во 21 век таквите обиди не можат да наидат на плодна почва и ќе бидат осудени на неуспех. Би сакал да ја искористам оваа можност и во време кога сме во кризна состојба предизвикана од пандемијата со Ковид-19, уште еднаш да апелирам да останеме сплотени, солидарни и одговорни и да се заштитиме себеси, Најблиските и целата заедница. Нека е честит 22 Ноември, Денот на албанската азбука, стои во честитката од претседателот Пендаровски.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци