Пендаровски: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава

Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека треба сериозно да се посветиме на заштита и унапредување на работничките права, напиша претседателот Стево Пендаровски во пораката по повод 1 Мај, Денот на трудот.
Според него, единствено задоволни работници се успешни и мотивирани работници кои можат да придонесат за напредок и просперитет на државата.
За таа цел, како што потенцира Пендаровски, секој работник треба да има фер третман од страна на работодавачот, да се чувствува безбедно, сигурно и заштитено на работното место, да има достоинствени услови за работа, а неговиот труд да биде соодветно вреднуван.
- Наша задача е да продолжиме да ги поддржуваме заложбите на синдикалните организации, да помогнеме во унапредување на стандардите и условите за работа, со цел сите работници да имаат праведни и еднакви можности за реализација и развој на професионален план, нагласува шефот на државата.
Ново на Сител
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Обвинителите избираат нов шеф за организиран криминал и корупција
-

Граѓаните ќе можат да вадат документи преку телефон - промовирана е новата апликација М.услуги
-

Студентите бараат 200 денари за оброк
-

Ќе се пресметуваат ли платите по час? Договор би требало да има до март
-

Подобра инфраструктура и решение за превозниците бараат германските компании кои работат кај нас
-

Филипче предупредува на недостиг на пари
-

Мицкоски тврди: Македонија економски лидер во регионот
