-->
-->
Пеливанов и Сарамандова избрани за виши обвинители
-->
Советот на јавни обвинители избра двајца обвинители за скопското вишо обвинителство.
Во трка за двете места беа 16мина кандидати, а довербата од членовите на советот ја добија поранешниот обвинител на СЈО, Трајче Пеливанов и обвинителката Наташа Сарамандова. Пред гласањето, дел од членовите на советот истакнаа дека сите од пријавените заслужувале да добијат унапредување во Вишото обвинителство, и само нијанси од нивните досегашни кариери ќе бидат одлучувачки при изборот.
На денешната седница беа донесени и одлуки да се распишат огласи за избор на обвинители во Државното и обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
На денешната седница присутна е и в.д обвинителката на Републичкото обвинителство, Соња Симовска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

80 години од почетокот на граѓанската војна во Грција
-

Уметници творат во Вевчани
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Гордан Јорданов, Обединета македонска дијаспора
-

Интензивни преговори за владината реконструкција - конечна одлука во вторник
-

Сејф сити не ги санкционира возачите кои имаат возила со странски таблички
-

Сезонски работник од Бангладеш хоспитализиран на инфективна со денга вирус
-

Државата прогласува кризна состојба поради пожарите - се воведуваат ригорозни забрани и надзор со дронови
