-->
-->
Пелистер - Шкендија во финалето на Купот на Македонија
-->
Екипите на битолски Пелистер и тетовска Шкендија обезбедија пласман во финалето во фудбалскиот Куп на Македонија.
Ова е епилогот по реванш полуфиналните натпревари кои беа одиграни попладнево.
Фудбалерите на Пелистер забележаа победа со 1:0 против Брегалница во реванш полуфиналниот меч кој попладнево се одигра на стадионот „Тумбе кафе“ во Битола. Откако првата средба одиграна во Штип заврши нерешено 2:2, благодарение на погодокот на Бразилецот, Лукас Фереира Кардосо во 80-минута Пелистер со вкупен резултат 3:2 се пласира во финалето.
Тетовска Шкендија ќе има можност да го брани трофејот освоен минатата година, иако денеска беше поразена од Вардар во Тетово со 1-0 но благодарение на победата од 3:1 на првата средба во Скопје, тетовски ќе играат во финалето кое е закажано за 17 мај
Инаку овој меч го одбележа и подолгиот прекин во првото полувреме, откако судијата Ставрев оправдано им покажа црвени картони на капитените на двете екипи Грнчаров и Хасани, по што дојде до поголема мешаница на теренот, но и обид на дел од навивачите на домаќините да влезат на теренот, по што гостите од Скопје се повлекоа во соблекувалните. Сепак во продолжението мечот мина без инциденти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нова најава за гасификација, но без детали
-
Наредната недела почнува вакцинацијата против грип
-
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ прифати укинување на балансерот додека беше на власт
-
Љутков: Нелегално примопредавање на Универзална од Град Скопје на Министерството за култура
-
Заклетва на нова класа питомци во армијата
-
Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Со комеморација претседателката Сиљановска-Давкова се прости со Салмонд кој почина во Охрид
-
Тема на денот со Крешник Бектеши, ДУИ