Живот
11. May 2018 - 14:39

Пеколен љубовен триаголник: Мислеле дека е изеден од алигатори, а вистината за неговата смрт конечно излезе на виделина

По 17 години е решено мистериозното убиство на Мајкл Вилијамс од местото Талахаси на Флорида.

Тој во декември 2000 заминал на лов на патки, а кога ќе се врати и ветил на сопругата дека ќе ја прослават шестгодишнината од бракот. Но, Мајкл не се вратил.

Потрагата по него траела 44 дена, по што полицијата го прогласи за мртов со претпоставка дека го изеле алигатори.

Но не верувале сите во таа верзија, бидејќи не бил најден ниеден дел од неговото тело, а времето било премногу студено за да излегуваат алигаторите. По цели 17 години, кон крајот на минатата година, сепак било најдено телото, а неговата вдовица вчера е обвинета за убиство.

Таа е приведена под сомнение дека со маж го испланирала убиството на Мајкл. Се утврдило дека мажот, Брајан Винчестер е најдобар пријател на Мајкл. Тој и сопругата Денис цели девет месеци планирале како да го убијат тогаш 31 годишниот Мајкл.

Според новите сознанија, Брајан го застрелал Мајкл, го скрил неговото тело, за потоа Денис да се премажи за него. Брајан го раскажал целиот план на полицијата на што се спротиставила адвокатката на Денис, која тврди дека жената немала никаква врска со убиството.