Живот
4. April 2017 - 9:44

Пекол во коридата: Бик прободе момче во грло, публиката врескаше

Даниел Гарсија Наварете (23) моментално води борба за својот живот откако разбеснет бик му ги прободел грлото, устата и јазикот во најголемата арена за корида, Лас Вентас во Мадрид.

Во коридата, во која обично се биковите тие што страдаат, понекогаш се случува и матадорот несреќно да заврши. Така беше и со младиот Даниел, кога бикот што тој го убиваше во дебитанската борба, наеднаш го возврати ударот.

Најпрво мислеле дека матадорот е ранет во бутината, но кога го однеле во болница лекарите констатирале дека е прободен четири пати, два пати во вратот и два пати во вилицата.

Страотното видео го покажува моментот кога бикот матадорот го фрла во воздух, а потоа на земја додека во позадина можеа да се слушната ужасните крици на публиката.

Повредите кои ги здоби Даниел Гарсија толку се сериозни што му биле оштетени многу мускули и нерви, а лекарите истакнуваат дека е вистинска среќа што останал жив, пишува Дејли Мејл.