Пекинг затвора 2.500 фирми заради загадување на животната средина
Пекинг годинава ќе затвори 2.500 мали компании, кои се сериозна закана за животната средина, во обид да се избори со загадувањето, пренесе Ксинхуа, повикувајќи се на информации на градските власти.
Загадувањето е чувствителна тема во Кина, каде годишно се организираат илјадници протести заради стравувања од влошување на живорната средина, особено од фабриките.
Од четири реони во престолнината, кои и зимава беа зафатени со задушувачки смог, ќе биде побарано до крајот на годината да затворат 2.500 компании. Планирано е следната година да продолжи затворањето на фирмите загадувачи.
Според неименуван извор, растечкиот број мали извори на загадување, како што се рестораните, хотелите и гаражите, го неутрализираат ефектот од драстичниот пад на загаденоста од големите загадувачи и нагласено еколошки свесните компании во градот.
Минатиот месец Пекинг го прогласи вториот во својата историја „црвен код“ за загадување на воздухот, затвори училишта и забрани градење на отворено.
Министерството за животна средина денеска предупреди дека следната недела во Пекинг, во провинцијата Хубеј и соседната Тјенцин, повторно ќе има густ смог.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава