Пекинг: Самитот меѓу Јужна и Северна Кореја е историски чекор кон мирот
Кина го поздрави денешниот самитот меѓу Јужна Кореја и Северна Кореја, оценувајќи дека тоа е „историски чекор“ кон мирот.
Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни рабори, Хуа Чунјинг истакна дека на средбата на Мун Џае-ин и Ким Џонг-ун ќе биде постигнат „позитивен резултат“.
Таа додаде дека Кина со радост го очекуваше самитот како можност за понатамошни чекори на „новото патување кон долгорочен мир и стабилност на (Корејскиот) Полуостров, посочи Хуа.
Претходно, шефот на британската дипломатија Борис Џонсон го поздрави самитот на Јужна и Северна Кореја, но истакна дека не очекува многу.
- Многу сум охрабрен од тоа што се случува. Но, секој што ја следи историјата на плановите на Северна Кореја за развој на нуклеарното оружје сака да биде премногу оптимист во овој момент. Но, јасно е дека средбата на двајцата лидери е добра вест, истакна Џонсон во седиштето на НАТО.
Претходно, Белата куќа соопшти дека се надева оти на денешната средба меѓу јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ќе биде постигнат напредок за постигнување на мир и просперитет.
Во соопштението на Белата куќа се посочува дека американскиот претседател Доналд Трамп со радост го очекува продолжението на разговорите со Јужна Кореја, како дел од подготовките за планираната негова средба со Ким Џонг-ун, која треба да се одржи на крајот од мај или на почетокот од јуни.
Ново на Сител
-

Над 60 дoмаќинства без покрив над глава по излевањето на Зајаска Река во Кичево
-

Доколку Радев стане премиер на Бугарија, се очекува уште позаострен дијалог со Македонија
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Кичево под вода
-

Партиски игри го кочат стартот на анкетната комисија
-

Касами, Меџити, Сали и Фетаи се поблиску до формирање на партија ВРЕДИ
-

СДСМ бара повлекување на законот, ВМРО-ДПМНЕ тврди се прават реформи за поправање на грешките од минатото
-

Камионџиите чекаат решение од ЕУ: Времената мерка може да го олесни престојот
