Џет-Сет
22. February 2020 - 9:00

Пејачот ги насмеа фановите: Џастин Бибер се нашминка и ја испрати оваа порака

Џастин Бибер во четвртокот одлучи да ги забавува обожавателите на Снепчет.

Канадскиот пејач објави видео на кое има розов кармин и вештачки трепки, што на прв поглед делува како да не е ефект од апликацијата.

Фановите се прашуваат дали пејачот употребил кармин од својата сопруга или едноставно таков е ефектот. За шегата да ја направи уште покомична, под видеото напиша:

-„Збогум кучко“. Бибер веќе две години е во брак со Хејли Болдвин, поради која, како што и самиот вели, се сменил кон подобро.