Пехчево изработува ДУП за индустриска зона
Општина Пехчево изработува детален урбанистички план за стопанскиот комплекс на локацијата Грозил, кој е наменет за лесна индустрија, сервиси и стоваришта.
Градоначалникот Игор Поповски истакна дека станува збор за дел од индустриската зона опфатен со ГУП.
- Работиме на донесување на ДУП за овој дел, така што сите што имаат имот во овој дел, сега ќе имаат можност да вршат доградби, надградби, но и нови градби, а тоа значи дека ќе можат да ги извадат потребните дозволи за градба. Со овој документ се формираат градежни парцели коишто потоа ќе можат да бидат продадени како градежно земјиште, а самиот ДУП дава можност за идни потенцијални инвеститори во овој дел од индустриската зона, рече Поповски.
Согласно законските прописи, Предлог- документот ќе биде ставен на огласна табла во општината, а сите заинтересирани граѓани ќе можат да присуствуваат на јавната расправа закажана за 13 февруари.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата