-->
-->
Педро: Имам компликувана ситуација
-->

Барселона стигна до нов трофеј откако синоќа во Тбилиси со голот на Педро во 115.минута ја совлада Севиља. Но, и покрај победничкиот гол стрелецот не беше премногу расположен, бидејќи се наоѓа пред заминување од клубот.
- Секогаш ќе бидам навивач на Барселона, што и да се случи. Но, не е лесно кога има најави дека си заминувам. Искрено по болеста на Нејмар, бев бесен кога дознав дека ќе бидам на клупата. Не сакам да ја напуштам Барселона, ситуацијата е компликувана. Парите не се во прашање, сакам да играм почесто да бидам на терен. Тренерот Луис Енрике игра со други играчи, а јас долго чекам, изјави Педро за својот статус во клубот.
Според најавите пред одигрувањето на Супер купот на УЕФА во Тбилиси, Педро би требало да си замине од Барселона и тоа во Премиер лигата, а како најсериозни екипи се споменуваат Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
