Пецас: Се надеваме дека Франција е расположена да направи чекори за ЕУ перспективата на Западен Балкан
– Се надеваме дека и Франција е расположена да направи чекори кои ќе одведат до подобар резултат на следниот Европски совет во март, рече заменик министерот под премиерот и портпарол на грчката влада Стелиос Пецас, во однос на ЕУ перспективата на Западен Балкан, со оглед на тоа дека проширувањето ќе биде една од темите на утрешната средба на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз.
На денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничата на МИА од Атина, дали Мицотакис ќе се обиде да го убеди Макрон да го промени ставот за Македонија и Албанија, земајќи ги предвид француските позиции од една и грчките иницијативи за поддршка од друга страна, Пецас рече дека Мицотакис ќе ја презентира грчката позиција и изрази надеж дека Париз ќе направи чекори кон подобар резултат на следниот Самит во март.
-Мислам дека е уште една можност да ја покаже волјата на Грција, координирано да одиме напред со проширувањето со земјите од Западен Балкан, бидејќи ова е во интерес и на овие земји, но и на самите земји. Ќе ја презентираме оваа рамка и се надеваме дека и од она што го видовме во претходниот период, оти и Франција е расположена да направи чекори кои ќе одведат до подобар резултат на следниот Европски совет во март, рече Пецас.
Грчкиот премиер утре заминува за Париз, а на средбата со францускиот претседател ќе стане збор за темите поврзани со ЕУ, за билатералните прашања, за меморандумот меѓу Турција и Либија, како и за проширувањето на Европската унија.
Мицотакис, од Париз ќе замине за Брисел каде што во вечерните часови ќе има работна вечера со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево