Пецас: Грција ги собира скршените парчиња од надворешна политика на Ципрас, Коѕијас и Каменос
Грција ги собира скршените парчиња од надворешна политика на Ципрас, Коѕијас и Каменос, граѓаните знаат дека претходната влада, четири и пол години ја направи Грција статист во Европа, вели заменикот министер под премиерот и портпарол на грчката влада, Стелиос Пецас во писмената изјава – одговор на коментарот на Ципрас објавен утрово на Фејсбук jави дописничката на МИА од Атина.
-Владата на Киријакос Мицотакис реагираше многу брзо за да ги заштити националните интереси и да ја врати позицијата на Грција во нашиот регион, но и нашиот кредибилитет во Европа. Како што произлегува и од постигнатото во првите 100 дена во надворешните прашања, од однесувањето на нашите партнери и од натписите на странски медиуми, Грција одново станува протагонист. Сè друго се лаги, фантазии и правдање за вината, вели Пецас.
Како што претходно објави МИА, лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас, преку Фејсбук упати критики до актуелната грчка влада критики за пасивност и улога на статист во регионот велејќи дека „во моментот кога ЕУ е соочена со последиците од трагичната одлука да не даде зелено светло за интегративен процес на Северна Македонија, Грција се чини дека е целосно отсутна од случувањата во нејзиното соседство“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати
-
Кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка - Митовски тврди: Се е по закон