Пчиња се излеа на просторот околу Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце
Пчиња се излеа на просторот околу Пелинце во близина на Меморијалниот центар АСНОМ, информираа денеска повеќе надлежни институции, чии екипи се на терен, водостопанство „Кумановско-липковско поле“, РЦУК Куманово и општина Старо Нагоричане.
Вода има на просторот, но не се зафатени ниту објектот на меморијалниот центар, ниту пак ресторанот со кој стопанисува „Чистота и Зеленило“.
– Наши вработени не информираа дека има излевање на Пчиња на просторот, но водата не е навлезена во меморијалниот центар АСНОМ. Поучени од претходното искуство, подготвени сме имаме обезбедено вреќи со песок и ќе интервенираме доколку има потреба, изјави директорот на НУ Музеј Куманово, Богдан Таневски.
Од РЦУК Куманово и од Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ велат дека водата не навлегла во ресторанот кој е под надлежноста на „Чистота и Зеленило“.
Градоначалничката на Старо Нагоричане Жаклина Јовановска изјави дека екипите вршат увид на мостовите по течението на Пчиња во оваа општина.
– Во моментов нивото на Пчиња е високо и правиме увид дали има препечени, дрвја, гранки на одрдени локации и дали ќе има потреба од интервенција, изјави Јовановска.
Екипи на Водостопанство „Кумановско липковско поле“ работат на бедем на патот за Бељаковце Куманово. Сепак, оттаму укажуваат дека нивото на Пчиња е критично на мостот кај Драгоманце, кај Коинце, кај Пелинце.
Во кумановско, пак, водостопанство интервенира со механизација кај селото Пчиња. Во неделата се излеаја Крива река и Пчиња на неколку критични точки, зафаќајќи обработливо земјиште, викенд куќи, помошни простории.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Можете да ме убиете, но нема да има преодна или експертска влада
-
Уапсен 23-годишник од Дебар, управувал со возило без возачка дозвола и бил под дејство на алкохол
-
17 годишен скопјанец тешко повреден откако бил нападнат на постојка во Центар
-
Тригодишно дете заболено со голема кашлица
-
Бојкот на продавници во БиХ поради високите цени на основните намирници
-
Мицкоски и Азески го поддржуваат бојкотот на маркетите, сметаат дека дијалогот е единствен излез од оваа ситуација
-
Бислимоски: Наскоро нов пристап за набавка на електрична енергија за државните непрофитни институции
-
Се заканувале со остар предмет и ги земале парите од дневниот промет - приведени двајца разбојници во Куманово