Пченицата и јачменот во Пелагонија со подобар квалитет од лани

Пченицата и јачменот кои деновиве интензивно се жнеат во битолскиот дел на Пелагонија се со подобар квалитет од лани, информираа од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ).
Од АПРЗ со седиште во Битола нагласуваат дека годинава освен подобар квалитет има и поголеми приноси на пелагониската житница.
- Жетвата во Пелагонија е во полн ек. Јачменот е ожнеан со над 90 проценти од вкупните површини и има приноси од над пет тони по хектар, додека пченицата е ожнеана на 50 проценти од вкупните површини со пченица и приносот се движи од 4,5 до 5 тони по хектар. Сакам да истакнам дека квалитетот на пченичното зрно, но и јачменот се подобри од лани, истакна Пеце Стојковски, директор на АПРЗ Битола.
Според експертите од АПРЗ подобрите приноси се должат на навремена подготовка на земјоделските површини, стручен пристап и почитување на препораките на експертите од земјоделците во услови на климатски промени.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Славјанка Петровска, пратеничка
-

Анализа: Амбиција за ЕУ, но и незадоволство од процесот во говорот на Мицкоски
-

Вајц: Напредокот и е потребен на Македонија без разлика дали ќе сакате да се приклучите во ЕУ
-

Левица се приклучува на разговорите за формирање опозициски фронт заедно со платформата 12.05
-

Последните случаи на врсничко насилство повторно го вклучија алармот
-

Контрацепција во Македонија користат само 14 проценти од младите жени
-

Експресниот пат Радовиш - Струмица влегува во подготовка
-

Гасификација, забрзување на изградбата на патиштата и реформи во образованието
