Павлопулос: Турција го прекрши и Договорот од Лозана

Сакам да и кажам на пријателска и соседна Турција дека треба да ја почитува историјата, пријателството и добрососедството. Не е доволно да кажеме дека сме пријатели, треба да го докажеме тоа, изјави претседателот на Грција Прокопис Павлопулос.
Неговата изјава уследи откако за викендот беше нарушена грчката морска граница во реонот на островите Имија/Кардак, што беше причина за конфликт меѓу двете држави во јануари 1996 година.
Грчката армија вчера беше под тревога откако турски воен брод, со кој се превезуваше началникот на Генералштабот на турската армија,Хулуси Акар, го обиколи спорниот реон.
- Сегашното нарушување во близина на Имија/Кардак е исклучително сериозно, бидејќи не се нарушени само грчките морски граници од страна на Турција, туку и границата на Европа. Прекршен е Договорот од Лозана, изјави синоќа Павлопулос при официјалната посета на Португалија.
Тој додаде дека се надева оти во иднина нема да има слични инциденти бидејќи тие нема да влијаат само врз билатералните односи туку и врз односите на Турција со Европа.
Ново на Сител
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Армијата одбележува 34 години од формирањето
-

Активни четири пожари, три се под контрола
-

ЕУ наесен подготвува најсеопфатен пакет санкции против Русија досега
-

Епидемијата на ебола во Конго стана најсмртоносна во историјата на земјата
-

Денес времето ќе биде сончево и топло до 38 степени
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
