-->
-->
Павлопулос им честита на младите ракометарки за „одбрана на татковината“ и ја обвини Македонија за иредентизам
-->
Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос вчера повторно ја повика Република Македонија „да престане да шири ирентизам со кој си го поткопува својот европски пат“.
Павлопулос вчера ја прими кадетската женска ракометна репрезентација, која на почетокот од месецов се повлече и не го одигра натпреварот со македонската решрезентација од Европското првенство, затоа што нашите ракометарки носеа дресови на кои пишува „Македонија“.
Тој им честиташе на грчките ракометарки за потегот со кој, според него, „ја одбраниле татковината и спортот“.
- Вистинскиот спортски дух не е со согласност со таквото грубо фалсификување на историјата, што всушност носи иредентистички аспирации, и го крши меѓународното и европското право, рече Павлопулос.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ: Историска измама на власта, над 318.000 пензионери се оштетени
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити градоначалникот тепач на Крива Паланка
-
Комунални екипи на 5 скопски општини го расчистуваат просторот на скопското Кале
-
Граѓанските активисти скептици дека ќе се уриваат дивоградбите
-
Преглед на вестите од светот
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Независните се дискриминирани