Бизнис
10. April 2016 - 16:11

Павлевски: Македонија доживува инвестициски бум

Се очекува објавата на нови странски инвестиции во претстонјиот период, вели министерот бил Павлески. Во интерјвју за Курир тој најави дека кон крајот на месецов ќе се објави името уште една компанија која веќе почнала со вработувања.

Во почетокот на мај доаѓа производствена компанија од електронската индустрија во прва посета и по препорака на постоечки инвесититор, па владата има позитивни очекувања дека и оваа компанија ќе одлучи да инвестира. Кон крајот на мај во втора посета ќе дојде тим на уште една странска компанија која ги разгледува опциите за инвестирање.

- Исто така за втората половина на годината, кон крајот на септември имаме најави од компании кои треба да дојдат во Македонија, не имаат посетено. Можам да кажам дека компаниите со кои комуницираме постојано доаѓаат, се заинтересирани за Република Македонија, затоа што сепак ќе се навратам на она што го кажав, ја гледаат реалната слика и ги гледаат релевантните бизнис институции и економски институции во светот, кои ја покажуваат реалната слика на македонската економија. Исто така, паралелно тие комуницираат со голем број на компании кои веќе се тука и ги слушаат нивните совети, па потоа одлучуваат да доаѓаат и да инвестираат во Македонија, вели Павлески.

Крупните имиња како Џонсон Мети, Џонсон Контролс и Ван Хул придонесоа во земјава свој бизнис да отвараат и значителен број на помали инвеститори, вели Павлески.

- Имате над 50 нови фабрики, доста други компании кои се во браунфилд хали, голем број компании од информатичка технологија кои не сме ги ни објавиле. Можеби тие вработуваат 30, 50, 100 лица и општо не се објавени, но постојат и креираат многу работни места во економијата. Кога ќе ги видите реалните резултати и резултатите што независни реномирани светски институции и медиуми ги кажуваат, тогаш заклучувате дека има прогрес во економијата. Ако можам да кажам, кога ќе видите една земја како се развива, ние сме влезени во фаза каде што имаме дополнителен ефект од постоечките компании да привлечат други компании. Еден домино ефект во развојот на економијата и привлекувањето инвестиции. 

Реформите во сите сфери на економијата придонесоа Македонија да стане интересна земја за странските компании, а меѓу клучните потези беше намалуавњето на даноците и кратењето на бирократските процедури, оцени Павлески.