Павлевска: Непотизам во Ѓорче Петров, градоначалникот си вработил роднина
Градоначалникот Стојкоски пред изборите се жалеше дека општината е превработена и презадолжена, и одма штом седна во градоначалниката фотеља експресно најде приближно 10 милиони денари за 18 партиски вработувања.
Во овие скандалозни вработувања е и ангажманот на старосватот на градоначалникот, Драган Трпески, со што Алксандар Стојкоски директно ја злоупотребил службената положба доведувајќи свои роднини на привлечни и влијателни функции.
Уште посомнително е што старосватот Трпески е поставен на позиција советник за јавни набавки преку кого ќе одат сите договори и тендерирања во општината.
Ова е директен непотизам и е во спротивност со Законот за спречување на корупција и судирот на интереси. Затоа СДСМ Ѓорче Петров ќе поднесе преставка до Државната комисија за спречување корупција да поведе постапка за да се утврди дали имало влијание на градоначалникот Стојкоски на вработувањето на неговиот старосват.
Лиле Павлевска од ОО СДСМ Ѓорче Петров
Ново на Сител
-

Муцунски за МИА: Работиме на одржливо решение, кое нема повторно да создава ризици
-

Охрид полн со туристи но и со смет
-

Милионска санација за штипската болница
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
