Македонија
2. November 2016 - 10:33

Павер елементи на улица „7“ во Даме Груев

Привршуваат подготовките за поставување на павер елементи на улицата „7“ во населбата „Даме Груев“ во општина Ѓорче Петров, информираат од општината.

Улицата е со должина од 250 метри и широчина од четири метри, а работите ги изведува „Ју-бај“ Скопје. За оваа инвестиција општината издвоила еден милион и триста илјади денари.