Патувачкиот автобус на ЕУ низ осум градови во земјава

Амбасадори од неколку земји членки на ЕУ, студенти и претставници на медиуми од денеска до 31 мај ќе посетат осум градови низ земјава. Патувачкиот автобус на ЕУ со претставници од Делегацијата на Европска Унија е дел од кампањата „ЕУ за тебе“.
Целта на патувачкиот автобус на ЕУ, организиран од Делегацијата на Европска Унија, е да се воспостави директна комуникација со граѓаните и да се дискутира за нивните надежи и грижи во врска со Европската Унија и европската иднина на Северна Македонија.
Граѓаните ќе имаат можност да постават прашања поврзани со Европската Унија, процесот на пристапување во ЕУ, можностите за финансирање преку ИПА и други програми за помош на ЕУ, преку директна комуникација со екипата на ЕУ патувачкиот автобус.
Посетите вклучуваат дебати со ученици од средните училишта за „Визијата на младите за Европската Унија“, велосипедски родео активности за најмалите, како и други активности.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ива и татко и кога-тогаш ќе одговараат
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Работен документ на ЕК : Сите членки мора да се согласат за нов јазик
-

Можен рестарт на рафинеријата „Окта“
-

Кромберг и Шуберт ќе отворат нов погон во Битола и ќе вработат 2.000 лица
-

„Див запад“: Неповолен извештај на ДЗР за работата на општина Кичево
-

„Шанса за Центар“ бара повлекување на планот за „Барутана“ на Водно
-

За еден ден 25.000 пријави за вакцинација против сезонски грип
