Патронен празник на детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола
Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола, домаќин и организатор на меѓународната ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр“, денешниот патронен празник го одбележува со повеќе од сто деца од 14 држави во светот, учесници на 36-тиот ликовен фестивал.
Раководителот на студиото и колонијата, Коста Хаџи Антоновски, изјави дека по спектакуларното отворање кое синоќа се одржа пред националната галерија на студиото во Битола, учесниците денеска цртаат на Широк сокак, Старата чаршија, безистенот, крај Драгор и на други инспиративни локации.
- Горди сме на нашата мисија, посветени сме на големото културно богатство и радосни што како педагози им пренесуваме знаења на најмладите, на децата од светот со кои денес ги славиме сесловенските просветители и патрони на студиото, светите Кирил и Методиј. Годинава првпат со четка во рака се и деца од Израел, кои заедно со останатите другарчиња, освен во Битола, ќе цртаат и во Охрид и Вевчани, посочи Хаџи Антоновски.
Организаторот на меѓународната ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ годинава внесе уште една фестивалска новина – избор на најдобар учесник на денот, која беше поздравена од делегациите од странство, меѓу кои и од Клара Федерова, член на екипата од Спишка Бела од Словачка, чии ученици синоќа третпат добија „Гран при“ - највисокото фестивалско признание.
- Чичко Коста секогаш приредува изненадувања и затоа многу го сакаме и почитуваме овој светски ликовен фестивал. Не очекувавме дека и годинава ќе бидеме наградени, но во секој случај со голема радост и возбуда најнапред ја слушнавме информацијата, а синоќа и ја добивме вредната награда која воедно го афирмира насекаде во светот нашето мало место, Спишка Бела, и истоименото училиште, рече Федерова.
Меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ се одржува со финансиска поддршка на министерствата за култура и за образование и наука.
Ново на Сител
-
Таткото на Илон Маск проговори за син му како семеен човек
-
Во Берово утрово -14, на Попова Шапка 32 сантиметра снег
-
Изгоре стан во Кисела Вода, повредени се двајца станари, пожарникар и полицаец
-
Трамп: Да беше Бајден на власт, ќе започнеше Третата светска војна
-
Продолжува јавната расправа за законски измени за поголема безбедност во сообраќајот
-
Од денеска се очекува да поевтинат над 1000 производи, од Комората на трговци повторно со реакција
-
Венс го предупреди Зеленски да не го критикува Трамп
-
Најмалку две лица загинаа при судир на два мали авиони во Аризона