Патот Тетово-Јажинце оспособен за сообраќај
После 18 часот и 30 минути прооден е за сообраќај регионалниот патен правец Тетово-Јажинце, кој ноќеска беше затрупан од наноси од земја и камења поради излевање на река Габровница кај Доброште, соопшти СВР Тетово.
Од тетовската полиција велат дека се обезбедени услови за одвивање на сообраќај и наизменично пропуштање на возила само во една насока. Воедно продолжува со работа механизација на надлежните институции за целисно расчистување на наносите од коловозната лента.
Екипи на Македонија пат и на Центарот за управување со кризи работат на патот и на коритото на реката. Сообраќајот на патот беше во прекин од ноќеска околу 1 часот поради поплавата.
Полициски службеници од станицата за безбедност во патниот соообраќај во Тетово и понатаму се на теренот за регулирање на сообраќајот.
Ново на Сител
-
Трамп не ја исклучува можноста за средба со Зеленски за време на погребот на папата
-
Повредениот во престрелката на Бит Пазар подлегнал на повредите
-
Индија бара од своите сојузни држави да не остане ниту еден Пакистанец во земјата по 27 април
-
Трамп: Преговорите напредуваат, но ситуацијата е многу кревка
-
Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и избега
-
Уапсен мотоциклист кој удрил малолетничка во Скопје
-
Кривична за тројца полицајци од Полициската станица Кочани
-
Викендов продолжува ПМФЛ, Шкендија домаќин на Шкупи, Силекс ја пречекува Струга