Македонија
25. August 2020 - 15:41

Патник починал во автобус во Скопје

На 24.08.2020 во 16.23 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје има починато лице. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за Ј.М.(59) од с.Биљановце, кумановско.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на семејството.