Патнички авион принудно слета во Бургас, аеродромот затворен за сообраќај
Авион со 161 полски туристи, што патувал на релација од Варшава кон египетското одморалиште Хургада, претпладнево принудно слета на аеродромот во бугарскиот град Бургас, откако еден од патниците се заканил дека во леталото има поставено бомба.
По слетувањето на авионот, сите патници и членови на екипажот биле евакуирани од леталото и специјалните единици на бугарската полиција почнале со потрага по евентално поставената бомба.
Како што јави БТА, полицијата веднаш го привела 67-годишниот патник кој го издал предупредувањето за поставената бомба. За време на распитот тој изјавил дека конзумирал премногу алкохол.
Директорот на аеродромот во Бургас, Георги Чиплинкси информира дека при претерсот на леталото досега не е порнајдена никаква експлозивна направа, додавајќи дека не знае дали патникот бил пијан.
Согласно безбедносните процедури, веднаш по слетувањето на полскиот авион, аеродромот во Бургас е затворен за секаков сообраќај.
За денеска попладене предвидено е пристигнување на авион на редовната линија од Лутон до Бургас, но засега не е познато дали овој лет воопшто ќе се реализира.
Ново на Сител
-
Трамп: Разочаран сум и од Русија и од Украина
-
Преживеаниот Британец од Ер Индија: Во ред сум
-
Албанија: Странските директни инвестиции во првиот квартал 362 милиони евра, предничат недвижности
-
УНХЦР: Бројот на бегалци што се враќаат во татковината се зголемува, и покрај глобалните конфликти
-
Над 100 загинати во Газа за 24 часа, комуникациите во целосен прекин
-
Државен секретар на САД упати честитки до Русите по повод нивниот национален празник
-
Иран спроведува воени вежби во услови на тензии со Израел
-
Пронајдени 204 тела од уривањето на авионот на Ер Индија