Патничка повредена при судир на автомобил и автобус кај Струга

Патничка од струшкото село Лабуништа се здобила тешки телесни повреди при судир на автомобил и автобус на регионалниот пат Дебар - Струга, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, незгодата се случила вчера во 11 часот и 20 минути, во близина на Струга.
- На регионалниот пат Струга - Дебар, во близина на Струга, се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од К.Ќ.(70) од селото Велешта, струшко и автобус „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Н.Ф.(42) од селото Лабуништа, струшко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од автобусот Ф.А.(58) од Лабуништа, констатирани во Медицинскиот центар Струга, изјави портпаролот Стефан Димоски.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Струга.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ го освежува раководството
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Safe City би можел да биде пролонгиран за еден месец – за еден ден регистрирани 110.000 прекршоци
-

Гаши очекува власта и опозицијата да се договорат за една анкетна комисија за Кочани
-

Средба Муцунски - Калас во Брисел
-

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од 9 милиони евра
