Паскали: За излез од кризата неизбежни се нови избори
И покрај сите притисоци, провокации и валкани трикови, Македонија ќе продолжи уште поодлучувачки и храбро на патот да си го одржи националниот суверенитет и интегритет како држава. За излез од кризата неизбежни се нови избори, изјави Умберто Паскали, американски експерт за Програмата „Гласот на народот“ на Радио Слободна Македонија.
- Мобилизацијата на луѓето во Македонија продолжува се повеќе и повеќе, и со посетата на емисарот Хојт Брајан Ји не се очекува да се придонесе до подобрување на состојбите кои произлегоа од срамните и разочарувачки потези на Федерика Могерини и Карл Билт, истакнува американскиот аналитичар.
Според Паскали кој е експерт за Балканот, излезот од кризата во Македонија се нови избори.
- Следната станица на возот кој се нарекува македонска револуција, треба да бидат нови и неизбежни избори, каде што македонската револуција на народот ќе си ги оствари своите барања, а тоа е: национална влада на Македонија која ќе ги гарантира правата на сите, но и ќе ги заштитува националните и државни интереси. Никој нема право да спречи демократски избрана влада од народот. Играчите на Џорџ Сорос почнувајќи од Зоран Заев и сите други, го загубија кредибилитетот и почитувањето на луѓето во Македонија, оценува Паскали.
За албанската платформа креирана во Тирана, Паскали со став дека станува збор за неуспешна операција, а во однос на легитимноста на изборот на Талат Џафери на 27 април за прв човек на македонскиот парламент, оценува дека тоа што се случи било неуставно, без преседан и провокација.
- Апсолутно и без сомневање единствен обид и цел на Зоран Заев и неговите соучесници беше да го испровоцира народот кој 60 дена си ја бранеше државата низ македонските градови. Народот си го бранеше своето од Сорос. Самата идеја со албанската платформа и идејата за Голема Албанија, како и т.н. избор на Џафери за нов претседател на парламентот на годишнината од масакрот кај Вејце, кое беше под директна команда токму на Џафери, зборува за тоа дека сето тоа што се случи на 27 април беше смислено и испланирано однапред сценарио да се испровоцира народот, потенцира Паскали.
На 27 април, додава Паскали, „опозицијата која ги изгуби изборите во Македонија, всушност се обиде на нелегитимен начин да се приграби до власта, преку изборот на нелегитимен претседател на Собранието, преку сила и насилство, каде многу луѓе беа повредени“.
Ново на Сител
-
Во Скопје и денеска воздухот опасен по здравје, владата најави решение за аерозагадувањето
-
Мицкоски: Ако има поскапување на струјата, тоа ќе биде до 3%
-
Македонците онлајн пазарат од македонски продавници, главно облека
-
Преглед на вестите од светот
-
Тензична собраниска седница за надзор на работата врз АНБ
-
Мицкоски: ДУИ е фактор на дестабилизација, за тоа е загрижена и меѓународната заедница
-
Суспендираниот Хајрулахи се жали на притисоци од државниот јавен обвинител
-
Регионална конференција за е-трговија