Паскал Хјуз: Македонија е отворена за бизнис
Македонија е отворена за бизнис. Економистот Паскал Хјуз кој кариреата ја мина во најголемите светски банки, ги нотира економските постигувања на земјава во колумна за Во колумна за влијателниот политички портал, The Hill. Хјуз потенцира дека Македонија од земја со највисока невработеност, високи даноци и неповолна деловна клима стана инвестициска дестинација во која се создадоа 160 илјади нови работни места.
Пред една деценија, малата балканска земја Македонија со релативно кратка независност се соочуваше со највисоката стапка на невработеност во континентална Европа. Даноците беа меѓу највисоките во регионот, а деловната клима неповолна, пишува во колумна за влијателниот американски политички веб портал The Hill, економистот, Паскал Хјуз.
Хјуз, кој е генерален директор на Дорман Лонг Енџиниринг и поранешен директор на клучни позици во УБС, ХСБЦ и Дојче Банк, порачува дека денес Македонија е отворена за бизнис.
Принудена да се справува со првите бранови на бегалската криза и одбивањето да добие кандидатски статус за ЕУ заради спротивставувањето на Грција, земјата не застана и продолжи да се развива и сега според Светската банка се наоѓа на четвртото место за започнување на бизнис меѓу 190 светски економии, далеку понапред пред своите соседи.
- Како оваа земја која се уште е само тинејџер во модерната демократија може да успее таму каде што другите не успеаја? Македонија, пред се, успеа да ја задржи позитивната фискална насока и упорно се фокусира на клучните инвестиции и заживување на економијата. Премиерот на земјата во изминатата деценија Никола Груевски, кој се кандидира за реизбор оваа година, изјави дека имал само една главна задача – да поттикне промена во економската моќ на земјата, пишува Хјуз.
Владата привлече странски инвестиции, се отворија нови фабрики и се создаде поволна бизнис клима која за возврат создаде нови 160.000 работни места, потенцира Хјуз додавајќи дека уште една промена се издвојува пред сите други. Просечната даночна стапка во земјата сега е 7,4 проценти со што оваа земја е глобален лидер и единствената со општа бизнис даночна стапка под 10 проценти.
Хјуз во колумната ги наведува и останатите даночни поволоности, како и промоцијата на земјата на светките ТВ канали што помогна првите странски компании да отворат фабрики и да ја ангажираат високо-квалификуваната, посветена работна сила. Големите инвестиции се на компаниите со седиште во Германија, Велика Британија, Америка, Кина и Јапонија. Големо прашање е, кој инвеститор ќе биде следниот. Македонија ја очекува возбудлива и просперитетна иднина, завршува Хјуз.
-

Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар
