Пашинјан: Ерменија подготвена за потпишување мировен договор со Азербејџан
Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска изјави дека Ерменија е подготвена да потпише мировен договор со Азербејџан до крајот на годината.
Тој додаде дека ќе ја гарантира безбедноста на сите граѓани на Азербејџан на неговата територија, пренесе агенцијата Тасс.
Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела изјави дека верува оти мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан е на дофат, доколку двете страни покажат добра волја, минимизирајќи ги тешкотиите во постигнувањето договор за нивната заедничка граница.
Азербејџан минатиот месец спроведе молскавична 24-часовна офанзива за преземање на контролата врз отцепениот регион Нагорно-Карабах, со кој три децении управуваат етнички Ерменци со поддршка на Ерменија.
По воениот пораз мад 120.000 етнички Ерменци од Нагорно-Карабах за една недела се преселија во Ерменија.
Ново на Сител
-
Отворено реновираното одделение за управни работи во зградата на МРТВ
-
За 200 евра е зголемена платата на директорот на дирекцијата за заштита и спасување, вели ССМ
-
Царинската управа во мај наплати приходи од 177,3 милиони евра - 7,3% повеќе од лани истиот период
-
Заврши учебната година - Учениците на летен распуст
-
Креиран првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари
-
Гужви за влез во Охрид поради градежни работи кај Подмоље
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен школски ден за учебната година 2024/25