-->
-->
Партнерката на напаѓачот во Лас Вегас: Не ни насетував што ќе се случи
-->
Мерилу Денли, партнерката на напаѓачот од Лас Вегас, Стивен Педок изјави дека не помислувала дека нејзинито партнер планира крвопролевање во кое уби 58 луѓе и рани повеќе од 500.
- Стивен Педок го знаев како љубезен, внимателен и тивок човек. Го сакав и се надевав на мирна заедничка иднина, се вели во изјава на Мерилу Денли (62) која ја прочита нејзиниот адвокат. Таа нагласува дека тој никогаш ништо не рекол ниту нешто направил со што би навестил дека ќе се случи нешто толку страшно. Денли додава дека пред две недели Педок и нашол евтин билет за Филипини, предлагајќи и да оди таму и да ја посети својата фамилија.
- Додека бев таму ми испаќаше пари и ми рече да купам куќа за мене и за својата фамилија, се наведува во нејзината изјава. Денли посочи дека длабоко жали по нападот од неделата и оти се моли за сите жртви и повредени.
- Јас сум мајка и баба и срцето ми жали за сите кои ги загубиле своите најмили, нагласува Денли.
Таа вчера беше на разговор во ФБИ и американски медиуми истакнуваат дека полицијата ја смета за „лице од интерес“ во рамки на истрагата и дека е слободна да оди каде сака. Во време на нападот таа била на Филипини. Во САД се преселила пред 20 години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мемеди: Намалена смртноста на детската клиника
-
Локалната најавува капитални проекти
-
Протести во Ореовец
-
Преглед на вестите од светот
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет