-->
-->
Партизан подобар од Тајфиу во воведот на 11.коло на АБА лигата
-->

Екипата на Партизан славеше тешка победа во дуелот со словенечкиот состав на Тајфин (89-85) во воведниот меч од 11.коло на регионалната кошаркарска АБА лига.
На средбата одиграна синоќа во белградски „Пионир’’ клучен беше последниот период кој црно-целите го добија со 31:24, за на крајот да се радуваат само на четвртата победа сезонава.
Кевин Џонс со учинок од 17 поени и 9 скокови беше најистакнат поединец во редовите на победничката екипа. На гостите од Словенија не им помогнаа ниту 27-те поени и 4 скокови на Санди Чебулар за да го избегнат седмиот пораз во АБА конкуренцијата.
Викендов на програмата се три натпревари, а во понеделник останатите три, меѓу кои и дуелот во Скопје, каде македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром го пречекува Задар.
Комплетни двојки за 11.коло и табела во АБА лигата:
Петок
Партизан – Тајфун 89-85
Сабота
17:00 Унион Олимпија - Мега Лекс
19:00 Крка - Цибона
Недела
17:00 Игокеа – Будуќност
Понеделник
18:00 Металац – Цедевита
18:00 МЗТ Скопје Аеродром – Задар
21:00 Сутјеска - Црвена звезда
Табела:
1. Будуќност 18
2. Црвена звезда 17
3. Цедевита 17
4. Мега Лекс 17
5. Игокеа 15
6. Задар 15
7. Партизан 15
8. Тајфун 15
9. Крка 15
10. МЗТ Скопје Аеродром 14
11. Унион Олимпија 14
12. Цибона 14
13. Металац 14
14. Сутјеска 13.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
