Партиските преговори продолжуваат идната недела
Претставниците на политичките партии и денеска не постигнаа договор на преговорите што се одржаа во резиденцијата на Европската унија во Пржино во присуство на амбасадорите на ЕУ и на САД, Аиво Орав и Џес Бејли.
Американскиот амбасадор Џес Бејли по завршувањето на преговорите изјави дека бил постигнат извесен напредок и најави дека разговорите ќе продолжат следната недела.
- Имавме уште една добра сесија денеска. Постигнавме одреден напредок. Зборувавме за многу чувствителни прашања и одлучивме да им оставиме простор на партиите да размислат во текот на викендот. Ќе ги продолжиме разговорите следната недела. Останувам оптимист дека доколку постои политичка волја овие прашања може да се решат и дека Македонија ќе може да оди напред, рече Бејли.
Тој посочи дека заедно со евроамбасадорот Орав сакаат да видат напредок и оти остануваат оптимисти дека тоа сеуште е можно и затоа е важно, вели,да им се даде и малку повеќе време на партиите.
Партиските претставници, по завршување на средбата не дадоа изјави за медиумите.
Во оваа фаза од разговорите учествуваат Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА..
Ново на Сител
-
Македониумот под вода, Љутков најавува реконструкција
-
Мицкоски: Во културата имаме историски инвестиции
-
Пратениците денеска во надзор во Агенцијата за разузнавање
-
Дали дождот помогна во гаснење на пожарот во депонијата Дрисла?
-
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни обвинувања за депониите кои го трујат Скопје
-
Од 12-ти октомври почнува воведување на системот за влез и излез од ЕУ, ќе важи и за македонските граѓани
-
Во Кочани над 50 наставници без договор за работа, учениците без настава
-
Недостига стручен кадар во земјава