Партиски консензус за борба против насилството
Зголемениот број на пријави за насилство врз жените и семејно насилство за дури 70 отсто во 2026-та го вклучи црвениот аларм во Парламентот. Пратеничката група на СДСМ поднесе иницијатива за итна седница на која ќе се бара решение за заштита на жртвите на насилство, но и превенција.
Очекуваат менување на дури 8 законски решенија, да се донесат заклучоци од надзорната расправа во јуни особено по последниот случај на претепувањето на младата охриѓанка.
Поддршка добија и владејачката ВМРО ДПМНЕ. Согласни се дека бројните случаи се реалност, но ќе бараат и одговори зошто обвинителството нема поднесено обвинителни акти, а по оние кои се постапува нема судска разрешница.
Според полициската статистика во последните две години регистрирани се 13 фемициди, од кои 6 во 2025 и седум во 2026. Лани во МВР биле евидентирани 4.745 пријави од жени и поднесени над 1.000 кривични пријави, додека центрите за социјална работа регистрирале 1.754 нови жртви на семејно насилство.
Во првите десет месеци од 2026 година, бројот на пријави е зголемен за над 70%, а поднесени се 1.450 кривични пријави – зголемување од 50% во однос на истиот период минатата година.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
