„Партиски бунт“ против лидерот на шпанските социјалисти
Лидерот на шпанските социјалисти Педро Санчез ја загуби поддршката во Извршниот комитет на партијата, откако 17 од неговите 35 членови, демонстративно, поднесоа оставка.
Тие веруваат дека со овој „партиски бунт“ ќе го натера Санчез да се повлече од функцијата.
Неговите сопартијци се незадоволни од политиката и однесувањето на партискиот лидер, затоа што не успеа да формира коалициона влада, со која ќе се помогнеше Шпанија да се извлече од политичката криза.
Еден неименуван социјалистички пратеник изјави за медиумите во Мадрид дека по масовната оставка во Извршниот комитет, највисокото партиско тело ќе мора да се расформира и водството со Социјалистичката партија да го преземе привремена админстрација.
Девет месеци земјата се наоѓа во политичка блокада затоа што на парламентарните избори во декември минатата година ниту една од шпанските политички партии не успеа да обезбеди мнозинство за да формира влада.
Сите обиди да се создаде „голема коалиција“ меѓу најбројната Народна партија и социјалистите, по углед на Германија, или Италија, не успеаја затоа што беа блокирани од лидерот на социјалистите Санчез.
Тоа предизвика нови парламентарни избори, во јули годинава, но распоредот на силите во Парламентот остана наполно идентичен.
Народната партија одново обезбеди најмногу пратенички места, вкупно 137, но и овојпат тие беа недоволни за формирање еднопартиска влада. Социјалистите и по овие избори останаа втори, со 85 пратеници, па двете најголеми партии се принудени да бараат партнер за формирање коалициска влада.
Доколку до крајот на октомври не се обезбеди политички компромис и не се создада влада, Шпанците ќе мора да излезат на трети по ред избори, во рок од една година, што најверојатно би се одржале пред крајот на декември.
Набљудувачите во Мадрид проценуваат дека политичката ситуација во земјата се усложнува со актуелната криза што избувна во Социјалистичката партија, особено ако „бунтот“ во врвот на партијата, предизвика целосен раскол меѓу социјалистите.
Ново на Сител
-
Ен-Би-СИ: Жештината е тивок убиец, поголем од поплавите, ураганите, торнадата
-
Трамп го отфрли тврдењето на Нетанјаху дека нема глад во Газа
-
Уапсен србин кај Ѓавато, не застанал на знак на полицијата, па потоа го оставил автомобилот и пробал да побегне
-
ЦУК: 20 пожари на отворен простор, десет активни, пет ставени под контрола и пет изгаснати
-
Чешка и Словенија испраќаат помош за справување со пожарите во Северна Македонија
-
За еден ден ќе почне првичната селекција на лицата кои треба да бидат ангажирани како пожарникари
-
Трамп ѝ даде на Русија нов рок од 10-12 дена за завршување на војната во Украина
-
Скопјанецот Зоран Настевски совлада “бомбаш самоубиец“ на лет од Лутон кон Глазгов | ВИДЕО