Македонија
2. November 2019 - 16:40

Партиски активности - Заев на средба со младите, Мицкоски во Куманово

Претседателите на најголемите партии на партиски активности и со спротивставени мислења за моменталните политики за младите. Претседателот на СДСМ, Заев на младинската трибина „Иднина на Европа“ рече дека младите сакаат да бидат дел од демократскиот западен свет. Вели нивната задача е да создадат компетитивно општество за младите да останат во Македонија.

Опозицискиот лидер, Мицкоски, пак на средба со граѓани во Куманово рече дека токму погубните политики на сегашната влада довеле до егзодус. Посочи дека власта не направила ништо што ветила и поради тоа младите ја напуштаат државата.

Според последните податоци на Светска Банка, од Македонија се иселиле околу половина милион луѓе. А според последните истражувања на јавното мислење, за дури 70 отсто од студентите иселувањето е опција. Дури една третина од младите размислуваат да се иселат, а како причина за тоа ги наведуваат вработувањето, животниот стандард и подобрата иднина.