Партијата Река ја напушти коалицијата Движење за промена, Договорот од Преспа една од причините
Различните позиции во однос на Договорот од Преспа беше капката што ја прелеја чашата и грчката партија Река реши да ја напушти коалицијата Движење за промени.
Централно левичарските партии, ПАСОК, Демократска левица, Река, Движење на демократски социјалисти, ја формираа коалицијата Движење за промена, а во ноември минатата година, лидерката на ПАСОК, Фофи Генимата беше избрана за претседател.
По потпишаниот договор меѓу Македонија и Грција, коалицијата се соочи со различни гласови и ставови. Лидерката Генимата јавно застана против решението, додека пак првиот човек на партијата Река, тврдеше дека договорот е корисен.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, на вчерашниот состанок на раководството на Река, со 97 гласа „за“ и 16 против беше одлучено партијата да се повлече од Движењето за промена и да продолжат онака како што започнаа – сами, а не во коалиција.
Во обраќањето пред членовите, лидерот на Река, Ставрос Теодоракис упати критики до Движењето за промена дека раководството носи одлуки без да бидат консултирани коалициските партнери.
Во говорот, Теодоракис, спомена дел од позициите на партијата, меѓу кои и онаа за прашањето за името.
- Ние сме за решение на македонското прашање, бидејќи освен се друго, не сакаме нашата соседна земја да стане поволна почва за Путин и Ердоган, рече Теодоракис.
Лидерот на Река, во однос на напуштањето на коалицијата, коментираше дека е тежок, но неопходен избор.
Ново на Сител
-
Бајден: Беше животна привилегија да и служам на нашата нација
-
Претседателката Сиљановска-Давкова го прими специјалниот претставник на Норвешка за Западен Балкан, Еирик Матисен
-
Забраната за сообраќај на камиони укината на патниот правец Берово - Струмица
-
Професорите од Универзитетот во Ниш на пленум изгласаа прекин на работата и поддршка на студентите
-
61-годишник од девизна на починат со полномошно извадил 18.550 долари и 11.750 евра
-
18-годишна скопјанка нападната во влез на зграда во Центар
-
Креариан е лажен профил на Венко Филипче на Фејсбук
-
Врховната рада на Украина ја продолжи вонредната состојба и мобилизацијата до 9 мај