Партијата на Каракачанов: Гарванлиев ќе ја претставува Бугарија на Евровизија, ако Македонија не го испрати
ВМРО на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов денеска излезе со партиско соопштение во кое вели дека ќе работи на тоа следната година Васил Гарванлиев да ја претставува Бугарија на Евросонг, доколку Македонија го повлече од овогодинешниот настап, пренесе Фактор.
– „Евровизија“ е натпревар во пеење за слободни и талентирани млади луѓе. Со што се случува со претставникот на РС Македонија на Евровизија Васил Гарванлиев не кореспондира на кој било начин со европските вредности за кои Скопје официјално тврди дека тежнее. Ние од ВМРО нема да толерираме засадување на негативни чувства против Гарванлиев, само затоа што не крие дека има бугарски пасош – исто како и скоро 100.000 наши браќа таму. И, ако младиот пејач се повлече од конкуренцијата, ќе ја повикаме Бугарија тој да биде испратен како нејзин претставник следната година. Сè додека ВМРО е во бугарскиот парламент, нема да дозволиме воинствен србомакедонизам во ЕУ, се вели во дел од соопштението на партијата предводена од бугарскиот министер за одбрана која е дел од владеачката коалиција.
Изминатите денови МРТ соопшти дека ќе формира комисија да го преиспита настапот на Гарванлиев откако првично во кадар на неговиот спот се појави уметничко дело кое потсетува на бугарското знаме, а потоа беше покрената петиција тој да не учествува на Евросонг.
Ново на Сител
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада
-
Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф