Балкан
12. August 2016 - 15:37

Партијата на Иво Јосиповиќ нема да учествува на вонредните парламентарни избори во Хрватска

Поранешниот претседател на Хрватска и лидер на партијата „Напред Хрватска“ Иво Јосиповиќ соопшти дека неговата партија нема да учествува на вонредните парламентарни избори, закажани за 11 септември.

Јосиповиќ пред новинарите изјави дека неговата партија нема да учествува на изборите бидејќи, како што посочи, не сакаат да го разбиваат левото центристичко бирачко тело.

- На следните локални избори излегуваме подготвени, силни и успешни, порача Јосиповиќ, пренесува Танјуг.

На минатите избори, неговата партија, во коалиција со реформистите, освои едвај нешто повеќе од еден отсто од гласовите.