Партијата на Ердоган бара пребројување на гласовите во Истанбул
Владејачката турска партија АКП поднесе жалба за резултатот од локалните избори во Истанбул, каде што, според прелиминарните резултати, опозицијата освои тенко мнозинство.
Партијеата на претседателот Реџеп Таип Ердоган, Партија на правдата и развојот, во неделата на ниво на цела Турција освои најголем број гласови, но ја загуби власта во Анкара и заостанува во Истанбул.
Шефот на АКП во Истанбул, Бајрам Сеночак, денеска рече дека поднел жалба на изборните резултати во 39 избирачки места и дека побарал пребројување за да се исправат наводните нерегуларности и да се пребројат неважечките гласачки ливчиња.
АКП се жалеше и на резултатите од изборите во Анкара.
За тоа време, опозицискиот кандидат за градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, отпатува за Анкара за да го посети мавзолејот на основачот на секуларната турска република, Кемал Ататурк.
Таму беше пречекан од голема група луѓе, кои извикуваа „Градоначалникот Екрем“.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар